[ФОТО] Царинската управа: Спречен шверц на над две илјади парчиња разна стока – копачки, парфеми, облека

Точка

02/09/2024

12:45

1.335

Големина на фонт

а а а

Мобилен тим при контрола на товарно моторно возило на граничниот премин Табановце откри и спречи шверц на вкупно 17 чифта патики копачки од брендовите „Најки“ и „Адидас“, скриени во кабината во пределот на совозачкото седиште.

На граничниот премин Деве Баир, при контрола на автобус што сообраќа на релација Турција – Косово, под душекот на креветот за одмор на возачите и во багажниот простор се пронајдени непријавени 894 парчиња облека, 125 парфеми и 7 тоалетни води. Производите се запленети, а против возачот е поведена прекршочна постапка.


Во други четири случаи мобилни тимови спречија обид за шверц на над илјада парчиња разна стока, која не била опфатена со увозните декларации. Станува збор за музички инструменти, очила, тротинети, пегли, ранци, сандали, индукциска печка за топење благородни метали, платно во должина од 7.557 метри и други производи. Вишокот производи се запленети, а против сторителите се поднесени прекршочни пријави.


На граничниот премин Меџитлија царински службеници спречија цверц на медицински ехо апарат со сонда, откриен при контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички. На прашање на царински службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, возачот инаку македонски државјанин одговорил дека нема ништо за пријавување, при што поради сомневање извршена е контрола. При контролата е откриен непријавениот ехо апарат со вкупна вредност од 217.710 денари. Апаратот е запленет а против сторителот се води соодветна постапка.


Царински службеници на граничен премин Богородица на излез од државата, извршија детална контрола на товарно возило со босански регистарски таблички, управувано од босански државјанин. При контролата е забележано дека царинската пломба e оштетена, по што е извршена контрола на товарниот дел. Притоа, помеѓу стоката натоварена во камионот беа пронајдени 15 илегални мигранти од Кина. Мигрантите и возилото се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг