[ВИДЕО] „PlayStation 5 Pro“ би можел да биде достапен по оваа цена

Точка

30/08/2024

15:02

5.103

Големина на фонт

а а а

Претстојната конзола „PlayStation 5 Pro“ на компанијата „Sony“, наскоро ќе биде претставена, а сега се појавила и потенцијалната цена на уредот.

Со оглед на очекуваните спецификации, претстојниот „PS5 Pro“ би можел да има висока цена.

Тоа го сугерира и Џеф Граб, новинар на „Giant Bomb“, кој очекува дека „PlayStation 5 Pro“ би можел да чини 600 или 700 долари во зависност од моделот и спецификациите.

„PS5 Pro“ ќе користи „GPU“ со 60 RDNA 3.0 Compute Units (CU) и „boost“ такт на феноменални „2.35 GHz“. Тоа укажува на максимално 36 TFLOP сила за процесирање, што претставува зголемување од 5,4% во однос на стандардниот „PS5“ кој има 2.23 GHz GPU.

Конзолата од средната генерација би можела да има почетна цена од 599 долари, што би ја ставило над постарите модели: PS5 дигиталната верзија чини 449 долари, додека основниот PS5 модел со диск драјв чини 499 долари.


Џеф Граб е реномиран репортер и неговите предвидувања со сериозно се земаат во разгледување бидејќи има блиски односи со компанијата „Sony“.

Граб истакнал дека „Sony“ би можел да ја најави конзолата „PlayStation 5 Pro“ на „State of Play“ настанот во септември.




Спонзорирани линкови

Маркетинг