Анџелина Џоли не ја засега што 9 години помладиот рапер има девојка: Го носи секаде со себе, на површина испливаа деталите од овој чуден однос

Точка

30/08/2024

23:22

8.493

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли (49) се зближила со британскиот рапер и политички активист Акала (40) по разводот со Бред Пит. Тие двајца моментално се заедно на меѓународниот филмски фестивал во Венеција.

За природата на нивниот однос веднаш почнало да се шпекулира. „In Touch“ тврдеше дека актерката се гледала приватно со музичарот „повеќе од една година“. Од друга страна, извор за магазинот „People“ тврди дека Џоли „моментално е сама и не се забавува со никого“.

Анџелина не се одвојува од Акала


Акала им се придружил на Џоли и нејзините ќерки Захара (19) и Шајло (18) на книжевниот фестивал во Калабаш во Јамајка минатиот мај.


Очевидец тогаш зборувал дека Акала бил „многу заштитнички настроен кон нив додека ги чувал наоколу“.

Шест месеци подоцна уживале на заедничка вечера во Милано, тврди „In Touch“.

Покрај Захара и Шајло, Џоли и нејзиниот поранешен сопруг Пит ги имаат и синовите Медокс (22), Пакс (20) и 15-годишните близнаци Вивиен и Нокс.

Тие соработувале неколку пати во текот на годините фокусирајќи се на глобалните прашања како што се човековите права. Енџи говори со многу пофалби за него – изјавиле извори за медиумите.

Акала е зафатен

Акала моментално е во врска со Шанел Њуман, која е коосновач и извршен продуцент на компанијата „Akala’s Music and Hip-Hop Shakespeare Company“.


Таа е маѓепсана и од Џастин

„In Touch“, исто така, тврдеше дека актерката се гледа со друг маж, композиторот од Бродвеј, Џастин Левин.

„Анџелина се гледа со двајца различни мажи во последната година“, тврди изворот за агенцијата и додал:

„Енџи едноставно го обожава Џастин и поминуваат толку многу време заедно што многу луѓе мислат дека врската може да стане романтична.“


Акала и Џастин не се првите двајца мажи со кои Џоли е поврзана по нејзиниот развод. Пред неколку години ја поврзуваа со музичарот The Weekend.