[ВИДЕО] Хорор верзија на додаток за разубавување на Ким Кардашијан: Ентони Хопкинс ги исмеа нејзините маски за лице

Точка

01/08/2025

17:49

680

Големина на фонт

а а а

Легендарниот американски актер Ентони Хопкинс го исмеа новиот додаток за разубавување што го продава Ким Кардашијан – маска за обликување на лицето.

Хопкинс на шега ја спореди новата маска за фејслифтинг на брендот СКИМС, во сопственост на Кардашијан, со онаа што ја носел во филмот „The Silence of the Lambs“ од 1991 година.

Актерот објави видео на својот Инстаграм профил на кое носи маска на главата, со зборовите: „Здраво Ким, веќе се чувствувам 10 години помлад. Довидување“.

Потоа повторно го испушти својот познат звук од филмот додека ги рашири очите и малку се насмевна.


„Ти благодарам Ким. Не плаши се да дојдеш на вечера“, напиша актерот во описот на снимката, означувајќи ја 44-годишната Кардашијан и нејзиниот бренд.

Имено Ким продава маска за обликување на лицето во рамки на нејзиниот бренд СКИМС, а нејзината презентација предизвика „бура“ на социјалните мрежи.


Со овој потег, таа докажа дека на жените ширум светот им се наметнуваат нереалните стандарди за убавина.

Маската (Seamless Sculpt Face Wrap) чини 48 долари, а нејзината намена е да ги вовлече образите и да ја обликува вилицата додека спиете. Се закопчува на врвот од главата и на вратот.