[ВИДЕО] Најголемо досега: Светска премиера на “Smart #5“

Точка

30/08/2024

10:29

5.634

Големина на фонт

а а а

"Smart" ја продолжува својата трансформација и сега официјално го претстави својот најголем автомобил до сега – кросоверот со ознака #5.

"Smart #5" е далеку од стариот модел "ForTwo" бидејќи е премиум теренец со средна големина со технолошки богата внатрешност достојна за "Mercedes".

На европскиот пазар ќе пристигне на почетокот на следната година, со препознатливо лице и светла поврзани со тенка осветлена линија, како и серија овални помали светла.

Каросеријата содржи пластичен „оклоп“, а дизајнерите се одлучија за рамни рачки на вратите и аеродинамички оптимизирани бандажи кои имаат „лебдечки“ централни капаци, како кај моделите на "Rolls-Royce".

Купувачите кои сакаат малку поцврст автомобил можат да ја изберат верзијата "Summit Edition", која има покривни светла, странични скали и скали за полесен пристап до носачите на покривот.

"Smart #5" е долг 4.705 mm, додека меѓуосовинското растојание е 2.900 mm. За споредба, "Mercedes-Benz GLC" е 13 mm подолг, но има 23 mm пократко меѓуосовинско растојание.


Купувачите може да очекуваат премиум кожа, дабови акценти и zero-gravity предни седишта кои се навалуваат до 121 степен. Автомобилот е опремен со систем за амбиентално осветлување со 256 бои, како и озвучување „Sennheiser“ со 21 звучник.

Во внатрешноста доминира дигитална инструмент табла од 10,3 инчи, како и два екрани од 13 инчи. Едниот е во средината и се користи за инфозабавниот систем и има мал лав аватар наречен Лео, како и „врвен генеративен гласовен асистент за вештачка интелигенција што користи различни извори за прецизно да одговори на речиси секое прашање“. Достапен е и 25,6-инчен "AR head-up" дисплеј.


Нема многу детали за погонот, но познато е дека моделот има батерија со капацитет од 100 kWh, која обезбедува автономија до 740 километри. Исто така, кросоверот користи технологија од 800 V и функција за суперполнење, што овозможува батеријата да се наполни од 10% до 80% за 15 минути.

Кинеското Министерство за индустрија и ИТ претходно откри дека "Smart #5" ќе има електричен мотор поставен одзади, кој ќе испорачува 340 и 363 коњски сили. Исто така, ќе се продава и верзија со два мотори и погон на четири тркала, која ќе комбинира напред поставен електромотор од 224 коњски сили со заден од 363 или 422 коњски сили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг