Актерката Весна Бејби Петрушевска ги збуни, но и загрижи своите следбеници со емотивна објава на својот Инстаграм профил.
54-годишната актерка во описот на објавата напишала само еден збор: „Почеток“.
Објавата на Весна, во склоп на која ставила и своја фотографија, гласи:
„Ракот е патување во кое патуваш сам. Има многу места каде можеш да застанеш и да го земеш лекот, само треба да сакаш. Некогаш можеш затоа што можеш, некогаш затоа што мораш. Во оваа приказна си сам, како што се раѓаме и умираме сами. Во оваа борба ти станува јасно дека времето е твојот најголем непријател“.
„Најсилните борци ги добиваат најтешките битки... Ќе победиш“, „Ти си нашата силна кралица“, „Бог дава онолку колку што можеш да издржиш, знае кој колку има сила и за што. Ти си лавица. Само со силна верба, волја и позитивна мисла“, се дел од коментарите под објавата.