Знаете ли колку често треба да ја менувате четката за заби?

Точка

28/08/2024

14:39

4.382

Големина на фонт

а а а

За да се одржува денталната хигиена потребно е да се мијат забите најмалку два пати дневно. Но за да бидат правилно измиени забите, важно е и тоа во каква состојба е четката за заби.

Многумина луѓе не размислуваат за кога последен пат ја смениле својата четка за заби и поради тоа не ја менуваат редовно. Стоматолозите од „Chelsea Dental Clinic“ велат дека ова треба да се прави почесто отколку што мислиме. Тие предупредуваат на знаците коишто укажуваат дека четката за заби е застарена и не ја извршува добро својата работа како кога е нова.


„Без оглед на тоа дали имате електрична или обична четка, главата на четката мора да се менува по секои три месеци. Најдобар начин да знаете дали треба да ја смените четката за заби е да ја држите крената и доколку влакната од четката од четката се шират потребно е да се купи нова четка“, велат стоматолозите.

Направените студии покажуваат дека четките за заби стануваат помалку ефективни во отстранувањето на денталниот плак, којшто може да предизвика проблеми како лош здив, кариес како и болести на десните.


Исто така, доколку забележите дека вашата четка се троши побрзо отколку што би требала, тоа покажува дека премногу грубо ги миете вашите заби. „Доколку премногу силно триете со четката за заби, тоа може да предизвика губење на сјајот на забите поради што тие ќе изгледаат жолтеникаво, а исто така може да дојде и до повлекување на десните. Губењето на сјајот на забите не само што доведува до жолтеникави заби, тие исто така можат да станат почувствителни на разликите во температура.