Според изворот од кралската палата, Кејт има паметна техника за справување со склоноста кон емотивни испади на нејзиниот маж, и има развиено посебен начин како да се справува со гневот на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.
Принцот и принцезата од Велс, како и секој брачен пар, наводно имале „сериозни караници“ во текот на нивниот брак, но секогаш се обидуваат тие караници да ги останат „под контрола“. Во разговор за „Мirror“, Том Квин сподели тврдења коишто му ги кажала личност којашто некогаш работела за идниот крал и кралица во Кенсингтонската палата. Според тој извор, Кејт има развиено паметна техника за справување со склоноста кон емотивни испади на нејзиниот маж
. Имено, според изворот, Кејт го третира Вилијам како нејзино четврто дете. Изворот вели: „Кејт го третира Вилијам како нејзино четврто дете бидејќи тој има тенденција за детско однесување. Тие навистина имаат караници, тоа не е совршен брак. Имаат сериозни караници“ раскажал изворот од кралската палата. Исто така овој извор вели дека нивните караници никогаш не стануваат агресивни, но се случува да еден кон друг да фрлаат перници, меѓутоа секогаш сè останува под контрола.
Во 2021 година, кога принцезата Кејт беше запрашана кој бил нејзината најголема поддршка во текот на Ковид – 19 пандемијата, таа веднаш го посочила нејзиниот сопруг принцот Вилијам. Исто така познато е дека нивната долгогодишна верска се заснова врз принципот на еднаквоста, при што и двете страни рамноправно ги споделуваат своите родителски и кралски должности.
Според книгата „Finding Freedom“ на Омид Скоби и Керол Дуранд, принцот од Велс е „вклучен во секој аспект од одгледувањето на своите три деца – вклучувајќи го нивното одење и враќање од училиште како и домашните задачи“.