До пред неколку години, многу малку луѓе надвор од Кина знаеја за „BYD“. Компанијата е основана во средината на 90-те, а во тоа време се занимавала со производство на батерии, за на крајот да влезе и на пазарот на автомобили.
Во едно интервју во 2011 година, Маск се потсмеваше со нивните возила, но подоцна го промени мислењето и пред неколку години изјави дека тие се една од најголемите закани за „Tesla“, што се покажа како одлична прогноза бидејќи дури и за кратко ја претекна откако „BYD“ продаде најмногу електрични автомобили во светот во последните 3 месеци од минатата година.
Со разновидна понуда која, меѓу другото, вклучува и возила со поволни цени кои се сè попопуларни не само во Кина, туку и надвор од нејзините граници, продажбата постојано расте и, според последните податоци, таа се зголемила за дури 40 отсто во вториот квартал од оваа година. Во тие три месеци меѓу април и јуни, „BYD“ продал дури 980.000 автомобили, а за каква бројка станува збор покажува и податокот дека по продажба ги претекнале јапонските компании „Honda“ и „Nissan“. Со толку голем број продадени возила, „BYD“ го зазеде седмото место по продажба на автомобили на глобално ниво, што е голем успех за оваа компанија. Најголема причина за ваквиот раст на продажбата се секако гореспоменатите електрични возила со пристапни цени.
Следната компанија на ред која би можеле да ја престигнат е „Ford“. „Ford“ продаде 1,14 милиони возила во текот на вториот квартал (што е благ пораст во споредба со истиот квартал претходната година), а додека „BYD“ постојано претставува нови модели на електрични возила, „Ford“ забавува со електрификацијата и неодамна најави одложување на претставувањето на следната генерација на електричниот пикап, а го откажа и планираниот SUV со три реда седишта.
Како што беше нагласено на „Electrek“, „BYD“ неодамна најави проширување на територијата на „Ford“ и почеток на продажбата на своите автомобили во Канада, така што можеме да очекуваме дополнително зголемување на продажбата на нивните возила.
Во јужниот дел на тој континент, во Мексико, градат фабрика која првично треба да произведе околу 150.000 автомобили, додека тоа производство на крајот би требало да изнесува меѓу 400.000 и дури половина милион.
Во вториот квартал од оваа година, „BYD“ продал повеќе од 100.000 возила надвор од Кина, што е три пати повеќе отколку во истиот период пред една година, а какви се нивните амбиции за иднината најдобро може да се види од фабриките за електрични возила што ги планираат. Една таква фабрика неодамна беше отворена во Тајланд, а покрај споменатите планови за Мексико, „BYD“ има намера да отвори фабрики во Унгарија, Турција, Бразил и Пакистан.
Не треба да нè чуди доколку „BYD“ го надмине не само „Ford“, туку и другите традиционални автомобилски компании во текот на следните квартали и во иднина им се закани на некои од најголемите производители на автомобили во светот.