[ВИДЕО] Редок феномен предизвика паника на брегот на Будва! Се шират снимки на интернет, а еве за што се работи

Точка

18/08/2024

14:02

9.252

Големина на фонт

а а а

Мистериозна магла пред два дена крена паника кај туристите на црногорското приморје. На социјалните мрежи се проширија снимки од морето како испарува, а многумина ја опишаа оваа сцена со текстот на популарната песна: „Морето гори, планините се топат“.

Како што може да се види на видеата објавени на страницата на Инстаграм "Time Machine Podgorica", брегот на Будва го оковала необична сцена од испарување на морето. Според оваа страница, станува збор за морска магла.

Веднаш следеле коментарите, а туристите и граѓаните се прашуваат за што се работи.

„Што е ова чувај Боже“, „Готово е“, „Море гори, планини се топат“, се само дел од коментарите.

Но, на споменатата страница брзо се појави објаснување.

„Тоа е густа магла која се формира во морето и постепено се приближува, прво до островите, а потоа и до брегот. Овој метеоролошки феномен веројатно го инспирирал Џон Карпентер, режисерот на култниот американски хорор-филм „Магла“, во кој се одвива дејството во крајбрежен град кој е опкружен со ваква морска магла. На фотографиите испратени од читателите денес најдобро може да се види како маглата постепено го „освојува“ брегот“, се вели во описот.