[ВИДЕО] Има 12 години и сета мака на овој свет на своите рамена: Момче од Сараево продава овошје и зеленчук покрај пат, причината ќе ве растажи

Точка

16/08/2024

21:40

4.645

Големина на фонт

а а а

Малото момче од Сараево предизвика големо внимание во медиумите, но и поделени емоции кај јавноста во регионот. Додека едни ја фалат неговата постапка, на други им се стега грлото кога ќе слушнат зошто момчето од Босна и Херцеговина продава овошје и зеленчук на сараевските улици.

Иако има само 12 години, Фарис Фејзиќ од Завидовиќ секоја сабота доаѓа пред стадионот на Кошево во Сараево и таму продава овошје и зеленчук за да им помогне на своите болни родители.

Неговата мајка боледува од рак, татко му има проблеми со срцето

Имено, неговата мајка боледува од рак, а татко му има срцеви проблеми, па Фарис на овој начин се обидува да им помогне да купат лекови.

Како што вели, продажбата оди добро. Тој им помага на своите родители во производството и бербата на овошје и зеленчук, а потоа на својот импровизиран штанд продава домати, краставици, компири, сливи, пиперки, пченка и кромид.

И покрај силното сонце, не се откажува

„Свежа роба“ и „Домашно, домашно!“, им извикува на возачите на автомобили кои поминуваат покрај него. Под чадорот кој му дава малку сенка и со шишиња вода, ова мало момче им помага на своите родители колку што може на чесен и доблесен начин.

Судејќи според видеото објавено на Јутјуб, жителите на Сараево, но и возачите од другите градови со задоволство купуваат од малиот продавач на овошје и зеленчук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг