Дали знаете дека во dm постои колекција за заштита од сонце наменета за чувствителна кожа? Запознајте се со SUNDANCE Med Ultra Sensitiv производите!

Точка

15/08/2024

15:44

3.943

Големина на фонт

а а а

Сончевата светлина има многу корисни ефекти. На пример, го стимулира ослободувањето на ендорфин и на тој начин прави да се чувствувате среќни во лето. Сепак, не треба да се заборави дека толку саканите зраци на сонцето исто така можат да бидат штетни. Особено чувствителната кожа има потреба од голема заштита од УВ зрачење.

Се прашувате што значи чувствителна кожа? Чувствителната или сензитивна кожа ќе покаже различни симптоми кај повеќето луѓе. За некои, кожата станува затегната кога користите погрешни производи за нега или после премногу жешко туширање. Другите чувствуваат чешање или печење или дури се чувствителни на допир кога нивната кожа е иритирана од надворешни влијанија како што се сончева светлина, ветер или студ. Некои типови кожа реагираат и со дамки, акни и воспаленија.

Луѓето со чувствителна кожа затоа треба да користат специјални креми за сончање. Што ги прави овие прозиводи различни од другите? Тие се прават без мириси и парабени.


SUNDANCE Med Ultra Sensitiv линијата од dm е наменета токму пред сѐ за чувствителна кожа и кожа склона кон алергии и иритации, кои се предизвикани од сонцето. Од креми и лосиони, па сѐ до гелови – оваа колекција ќе ве воодушеви со својот едноставен, а ефикасен состав. Хидратантната формула не содржи алкохол, алуминиумски соли, бои, конзерванси, парабени, парафини и парфеми, а оваа линија на производи е развиена во соработка со Германското здружение за алергии и астма.

Да не заборавиме и на нашите најмали и најмили - за нив има и посебни производи кои ќе станат нивните омилени придружници во топлите денови! Тие доаѓаат во практични пакувања во форма на рол-он или спреј и се идеални за секојдневна употреба бидејќи се наменети за детската нежна и чувствителна кожа.

Посетете ја најблиската dm дрогерија и пронајдете го омилениот SUNDANCE производ за безгрижно уживање под сончевите зраци!

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг