На Галичица денес се интервенира со шест воздухоплови и 120 лица од НП Галичица, Планинарскиот клуб „Патагонија“, Резерватот „Езерани“, Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид и Свети Николе, Планинска спасителна служба при ОО Црвен крст Охрид, ТППЕ Охрид и ТППЕ Ресен, информираат од Центарот за управување со кризи Охрид.
На Галичица денес се интервенира со шест воздухоплови и 120 лица од НП Галичица, Планинарскиот клуб „Патагонија“, Резерватот „Езерани“, Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид и Свети Николе, Планинска спасителна служба при ОО Црвен крст Охрид, ТППЕ Охрид и ТППЕ Ресен, информираат од Центарот за управување со кризи Охрид.
Се огласи градоначалникот на Охрид за пожарот на Галичица.
Пожарот на планината Галичица од македонска страна е под контрола и нема опасност по населените места и населението кое гравитира на овој потег, ова се последните информации од екипите кои се на терен, информираше Кирил Пецаков.
Пожарот на планината Галичица од Македонска страна е под контрола и нема опасност по населените места и населението кое...
Posted by Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид on Thursday 15 August 2024
„Во моментот во гаснењето на пожарот од земја се вклучени околу 120 лица, а се дејствува со два хеликоптери од страната на Охрид и од страната на Преспа. Очекувано е во текот на денот да се вклучат и уште три авиони за гаснење од воздух. Поспецифична е состојбата со пожарот од преспанска страна, каде што истиот има зафатено погуста и високостеблеста вегетација и гаснењето се одвива отежнато. Гаснењето од земја е отежнато и поради тоа што на овој терен постои неотстрането старо оружје и експлозивни направи, кои по налет на огнот експлодираат. Само во текот на вчерашниот ден се слушнале повеќе од 40 експлозии“, вели тој во својата објава.
Пецаков се надева и верува дека во текот на денешниот ден пожарот ќе биде локализиран и дека ќе се спречи неговото ширење понатаму.
„Благодарам на сите вклучени на терен, кои со несебичен напор, ден и ноќ се борат со огнената стихија. Упатувам апел до медиумите, новинарите, населението и туристите да не шират непотребна паника, да споделуваат проверени информации и да се информираат само од релевантни извори“, посочи Пецаков.
Пожарникари, припадници на планинската спасителна група, ренџери од НП Галичица, членови на алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, доброволци, хеликоптери и „ер трактори“ веќе 10 дена се ангажирани во гаснењето на пожарот на Галичица. Од синоќа на социјалните мрежи се споделува апел до сите граѓани да помогнат во гаснењето на пожарот на планината, кој веќе премина од страната на Охрид откако претходно почна на страната на Албанија и се прошири на македонска страна кон Преспа.
По повод оваа ситуација се огласи и раководителот на ЦУК Охрид.
„На сите фронтови кои се активни се интервенира и во исто време имаме поддршка од шест воздухоплови, три хеликоптери и три ер трактори. Плановите за дејствување се целосно разработени. Сите фронтови се обезбедени и со луѓе за гасење и обезбедени со воздушна поддршка. Се очекува во голема мера да се намали фронтот на горење и да се намали јачината на стихијата, вели раководителот на ЦУК Охрид, Митко Темелковски.
Посочува дека се интервенира на ресенска страна кон селата Лескоец и Стење, додека на охридската страна од кај планинарската куќа кон Злидол, и над Љубаништа од месноста Војтино.
Стојан Стојанов, еден од најдобрите македонски фотографи на својот Инстаграм профил сподели фотографија направена во екот на пожарите, која сведочи за катастрофите со кои се соочуваме периодов.
ФОТО: + Инфо