Емилијано Мартинез е еден од клучните фактори што Астон Вила имаше одлична сезона и избори место во Лигата на шампионите, нешто што доаѓа паралелно со успесите кои ги постигнува со аргентинската репрезентација.
Првиот голман на Вила знае да изненади со своето невообичаено однесување на теренот, но сега ги изненади фановите со една одлука поврзана со новата сезона.
Мартинез се откажал од дресот со број еден и во иднина ќе го носи дресот со број 23, или истиот број кој му носеше многу среќа во аргентинската селекција.
– Ги освоив сите трофеи со Аргентина со бројот 23, а тоа е и денот на кој се роди мојот син.
– Сакам да им донесам трофеј и на фановите на Вила, – рекол Аргентинецот, потврдувајќи дека го повлекол потегот од суеверие.