Порано оваа година, "Amazon" објави приход од 143,3 милијарди долари за првиот квартал. А како изгледаа предвидувањата пред четврт век?
Пред 27 години "BBC" се прашуваше кога ќе се остварат предвидувањата за доаѓањето на онлајн купувањето и дали тоа навистина ќе го „револуционизира“ интернетот. Разговарале со локални пекари, книжари, па дури и со Џеф Безос.
Емисијата „The money programme“ била емитувана во ноември 1997 година и неодамна беше додадена на "YouTube" каналот на "BBC".
Репортерот Нилс Блајт тргнува на симулирано „патување по информативниот автопат“ и разговара со продавачи кои имале различни нивоа на успех во онлајн трговијата во тоа време.
Меѓу нив беше мала пекара во Велика Британија која генерирала продажба од неколку илјади долари секоја година благодарение на меѓународната продажба, и британски ланец супермаркети кој имал умерен успех во продажбата на намирници преку Интернет, телефон, па дури и факс.
Блајт разговарал и со Џеф Безос, кој само две години претходно го отвори "Amazon.com" како онлајн книжарница.
Безос се пофалил дека каталогот на Амазон со над 2,5 милиони книги е десет пати поголем од она што може да го чуваат најголемите книжарници и предвиде дека „по многу години, онлајн-продажбата на книги ќе стане многу голем бизнис“. Некој би рекол дека бил во право, барем кога станува збор за неговата компанија.