Северна Кореја повторно се отвора за туристи

Точка

14/08/2024

20:12

3.069

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја на крајот на оваа година повторно ќе биде отворена за туристи, речиси пет години откако целосно ги затворила границата поради пандемијата на ковид, објавиле две туристички компании кои работат со таа земја.

Корио Турс, со седиште во Пекинг, и КТГ Турс, со седиште во Шенјанг, денеска во одвоени соопштенија навеле дека на туристички групи ќе им биде дозволено да го посетат планинскиот град Самџијон, родното место на поранешниот севернокорејски лидер Ким Јонг Ил, пренесува „CNN“.

Добивме потврда од нашиот локален партнер дека туризмот во Самџијон, а веројатно и во остатокот од земјата, официјално ќе биде продолжен во декември оваа година, навеле од Корио Турс, додавајќи дека програмата и останатите детали ќе бидат познати во наредните денови и недели.


Во посебна објава на Фејсбук, КТГ Турс исто така соопшти дека точните датуми за посета на туристите ќе бидат потврдени.

Засега се споменува само Самџијон, но мислиме дека ќе се отвори и Пјонгјанг и другите места.


Самџијон се наоѓа на кинеската граница и е блиску до највисокиот врв на Корејскиот полуостров, планината Паекту, активен вулкан од најголема важност и историско значење за Северна Кореја, бидејќи се смета за колевка на корејскиот народ.

Тој град бил популарна дестинација за кинеските туристи, кои доаѓале со автобуси пред пандемијата и туризмот и обезбедувал приходи на Северна Кореја и покрај меѓународните санкции.