[ФОТО] Три неверојатно убави места во Италија, но туристите ги заобиколуваат: Овде речиси и да нема луѓе, само нереална убавина

Точка

14/08/2024

17:15

18.186

Големина на фонт

а а а

Италија со децении е на самиот врв кога се во прашање земјите кои туристите ги обожаваат. За тоа, секако, заслужни се нејзините неверојатни природни убавини, од величествените Доломити на север, преку богатите историски градови, до најубавите брегови на коишто се наоѓаат местенцата кои се насликани на разгледници.

Меѓутоа, туристите некако секогаш ги бираат тие едни исти места, па така Рим, Венеција, Амалфи, Неапол, Милано, езерото Комо и многу други се преполни и во екот на сезоната го губат својот шарм поради големиот метеж. А за да не се случи тоа, најдовме три одлични локации, подеднакво убави, под радарот на неуморните туристи.

Сигурно сте забележале како некои места поседуваат толку силна, речиси магнетна привлечност што дури и кога ќе се вратите од одмор, повторно ја планирате следната посета на тоа место за да го повторите прекрасното чувство што ве придружувало на вашето патување.

А овие речиси скриени места во Италија ќе го направат токму тоа, а еве зошто постојано ќе им се враќате одново и одново.

Сперлонга

Сперлонга е речиси исто толку волшебна како Позитано, кое се смета за едно од најубавите места на брегот Амалфи.

Станува збор за помало место, но со таква заразна енергија и префинетост што ќе се заљубите на прв поглед.



А она што му дава предност е што таму ќе најдете мир, многу помалку е посетен од туристи, а уште го нарекуваат и скриениот скапоцен камен на Италија.

Езерото Исео

Езерото Комо носи посебна романтична енергија со која тешко може да се парира, а освен тоа е едно од местата што обожаваат да ги посетуваат големите ѕвезди како Џорџ Клуни.


Меѓутоа, доколку застанете помеѓу езерото Комо и езерото Гарда и ја впиете убавината на езерото Исео, тоа целосно ќе ве освои.


Прекрасни ресторани, чудни, но особено шармантни села, мир, хармонија, зеленило и кршење на сончевите зраци на површината на водата, е посебно искуство кое вреди да се доживее.


Портовенере

Сите знаат за 5-те волшебни крајбрежни села кои ја сочинуваат посебната туристичка атракција на Cinque Terre. Сепак, Портовенере е многу потивка опција со помалку туристи, но речиси исто толку атрактивна.


Ова е посебно место идеално за семеен одмор со средновековен центар што дава посебно чувство на винтиџ неодоливост и бајковитост.


Исто така, Портовенере било и скришното место на познатите поети Бајрон и Шели.