[ВИДЕО] 29 милиони прегледи: Трансформацијата на кутре на работ на смртта трогна многумина

Точка

14/08/2024

18:36

4.822

Големина на фонт

а а а

Хуманитарната организација „Happy Doggo“, основана во 2021 година, неодамна спасила кутре на работ на смртта, откако основачот Ниал Харбисон забележал огромен број на напуштени и болни кучиња во Тајланд.

Видеото од кученцето без влакна, во очајна состојба, скриено во ќош одекна меѓу следбениците на ТикТок.

Кутрето го нарекле Родни, а кога го пронашле не биле сигурни дали ќе преживее. Кога го донеле во сместувањето, Родни се тресел и тешко дишел, но тоа не му пречело на волонтерот и продолжил да го гали со солзи во очите.


Малиот борец со големо срце им покажал на сите дека не се откажува и дека сака да живее. Со помош на организацијата, Родни закрепнал и станал прекрасно, силно и здраво куче кое среќно трча по зелените полиња и шета со својот нов сопственик, а во неговите очи се гледа она што е најважно –среќата и љубовта.

Насловот на видеото гласи: „Да се биде сакан е да се биде променет“.

Оваа трогателна приказна ја покажува неверојатната моќ на спасувањето и љубовта што може да ги трансформира животните во среќни и здрави миленичиња.