[ВИДЕО] Боги го „сруши“ интернетот: Го „искулирал“ шеикот, па со главата удрил во попот! Луѓето умираат од смеење поради потегот на Богдан Богдановиќ!

Точка

14/08/2024

23:07

20.251

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Србија ги освоија сите симпатии кај народот, не само поради врвните игри на Олимписките игри, туку и поради непосредното однесување.

Во понеделникот вечерта во Стариот дворец во Белград бил одржан прием за најдобрите српски спортисти и освојувачи на медали на Олимписките игри во Париз. Особено драги гости биле српските кошаркари и ватерполисти, како и Новак Ѓоковиќ, Александра Перишиќ, Дамир Микец и Зорана Аруновиќ.


Сепак, српските кошаркари со својот изглед, однесување и изјави допреле до срцата на сите луѓе. Последното видео кое го здогледало светлото на денот од дочекот во Стариот дворец се однесува на Богдан Богдановиќ.

Имено, популарниот Боги бил во разговор со Новак Ѓоковиќ, кога се судрил со свештеникот Иван Црногорчевиќ, сопругот на Даница Црногорчевиќ, која ја извела песната „Весели се српски јавала“.

Богдановиќ му се извини на свештеникот, кој со насмевка го прифатил неговиот гаф, додека Богдан направил сличен израз на лицето, како на доделувањето на медалите во Париз, кога не го виде арапскиот шеик кој сакал да му додели плакета за освоениот медал.

Богдане, легендо, продолжи да си свој и природен, сè ти е простено.