[ФОТО] Јадел и пиел во рибен ресторан, па се шокирал кога пристигнала сметката: Поради само една ставка туристот збеснал – тоа е крајно безобразно!

Точка

14/08/2024

13:45

6.129

Големина на фонт

а а а

За време на патувањето во Менорка, Шпанија, туристот Антонио Барбеито бил разочаран од еден детаљ на сметката.

Имено, сакал луксузна вечера, па вечерал во рибен ресторан каде вечерата ја платил 250 евра, но истовремено покажал дека ги цени парите бидејќи се пожалил дека му наплатиле за безначајна работа.

Луксузната вечера која го чинела Антонио 250 евра се состоела од јастог, тартар од ракчиња, пржени каламари, школки, сладолед, сода и кафе. Но, му пречело тоа што на сметката имало чаша мраз, за која платил дури 2,75 евра. Тој напишал дека тоа е крајно безобразно.

Во својата објава на социјалната мрежа каде што осамнала сметката, Антонио не сакал да го открие името на ресторанот, но напишал дека се надева ќе се откажат од наплатата за мраз. Тој рекол и дека сака да патува во својата земја и да ги поддржува локалните ресторани, но не сака такви практики. Проблемот е што рестораните генерално се обидуваат да го извлечат секој денар од туристите, особено во попопуларните места каде посетеноста не зависи толку од квалитетот на услугата.

Скриените трошоци и нејасните такси, на кои туристите ретко се жалат, се вообичаен начин да се заработат дополнителни пари, па рестораните лесно се извлекуваат.