Интер Мајами и понатаму не може да смета на својот најдобар играч Лионел Меси кој е повреден, а тоа дефинитивно е проблем и потврда е поразот и елиминацијата која клубот ја доживеа во Лига Купот.
Тимот од Флорида водеше со 2-0 во пресметката со Колумбус Кру, меѓутоа потоа на гостите им се случи потоп и тоа од 67 до 80 минута.
Домаќините преку Рамирез и Роси (2) дадоа три гола, направија целосен пресврт и потоа ја одбранија предноста за пласман во четвртфиналето на натпреварувањето.
Интер Мајами беше бранител на трофејот, па ова дефинитивно е удар за овој клуб кој сега ќе мора да се фокусира на другите предизвици, но и да донесе успеси како и што се очекува од ѕвездениот состав.