Наставничка по математика од Англија беше уапсена поради сексуално злоупотребување на момче на коешто му давала „онлајн“ часови, пишува „BBC“.
Полицијата од Нотингем изјави дека наставничката, Holly Rouse – Sweeney (37) договорила средба со тинејџерот во својот поранешен дом каде што имала сексуални контакти со момчето во повеќе наврати иако знаела дека е малолетен.
Во мај минатата година мајката на момчето на неговиот мобилен телефон, на апликацијата „WhatsApp“ пронашла несоодветни пораки испратени од наставничката по што ја известила полицијата.
Наставничката по признавањето на повеќе кривични дела, минатиот петок доби шестгодишна казна од судот во Нотингем.
По апсењето на наставничката, полицијата пронашла неколку инкриминирачки записи на нејзиниот лаптоп во коишто детално биле опишани злоупотребувањето и возраста на момчето, а таа тврдела дека врз нејзините постапки влијаеле долгогодишните проблеми со менталното здравје.
Наставничката а признала вината во две точки од обвинението, за впуштање во непенетративна сексуална активност со момчето и четири и за наговарање на момчето на сексуална активност.
Таа е ставена во регистарот на сексуални престапници и изречена и е забрана за пристап и каков било контакт со жртвата.
„Наставничката наместо да го подучува математика, ученикот го искористила за задоволување на сопствените сексуални потреби“,изјави, полицискиот експерт за злоупотребување на деца, Keeley Bringhurts.