Единствено во Јапонија: Недостатокот од камионџии ќе го надоместат со овој мегапроект

Точка

13/08/2024

15:17

8.640

Големина на фонт

а а а

Јапонија има сериозен проблем со недостаток од работна сила особено во областа на копнениот транспорт. Камионите не се проблем, но недостаток од професионални возачи е сè поголем проблем.

Процените велат дека до 2030 година во Јапонија недостатокот од возачи ќе изнесува 36%. Поради тоа Јапонците размислуваат за неконвенционално решение коешто доколку заживее може да замени 25.000 возачи.


Движечка лента е дел од хоризонталниот транспорт во фабриките, магацините и сите објекти во коишто е потребен линиски превоз на слични предмети. Па така во Јапонија размислуваат околу тоа да изградат систем на автоматски превоз којшто ќе наликува на движечка лента.

Таквата огромна сообраќајна лента би ги спојувала Токио и Осака, што значи дека би била долга дури 500 километри. Се прогнозира дека дневниот капацитет на превозот би се движел околу бројката од 25.000 камиони, со тоа што товарот би се превезувал преку своевидни товарни бродови.


„Japan Times“ пишува дека овој проект наречен „Autoflow Road“ би требало да биде завршен до 2043 година, а се проценува дека цената за изградбата ќе го надмине износот од 23 милијарди американски долари.

Ова делува како добра идеја бидејќи со ова решение ќе се намали ефектот од недостаток на работна сила а би се намалил и метежот со отстранувањето на 25.000 камиони од автопатиштата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг