Николоски: До крајот на годината ќе се вози по новиот експресен пат Градско – Дреново

Макфакс

13/08/2024

09:51

645

Големина на фонт

а а а

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на својот фејсбук профил објави видео од изградбата на експресниот пат Градско – Дреново и најави завршување на истиот до крај на оваа година.

„Воведуваме нова динамика во работењето! Со добра работа и организација до Нова Година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун“, објави Николоски.

Добро утро со ова видео од патот Градско Дреново

Воведуваме нова динамика во работењето!

Со добра работа и организација до Нова Година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун.

#МакедонијаЗаТебе

Posted by Aleksandar Nikoloski on Monday 12 August 2024