„USA Today“: Ова не беше интервју на векот, ова беше чиста катастрофа

Точка

13/08/2024

08:42

3.363

Големина на фонт

а а а

Милијардерот Илон Маск којшто кокетира со фашизмот и крајната десница, успеа во текот на синоќешното интервју со Доналд Трамп да направи десните политичари да изгледаат прилично глупаво, пишува „USA Today“.

Бившиот американски претседател Доналд Трамп, се „фалеше“ со најавеното интервју со Маск на социјалната мрежа „Х“, коешто се одржа вечерва во два часот по полноќ според средно европско време (20 часот во САД).

„Ова ќе биде интервју на векот со големи букви напиша Трамп на „Х“.

А откако се пријавија околу 100.000 корисници за следење на интервјуто во живо, се појавија технички проблеми, така што интервјуто доцнеше повеќе од 40 минути, а Маск тврдеше дека причините за техничките проблеми бил „сајбер напад“.

Звучеше како лик од цртаните филмови

Изборната кампања на Трамп е во проблеми откако минатиот месец американската потпретседателка Камала Харис стана кандидатка на демократите за претстојните претседателски избори во ноември. Детинестите напади на Трамп не влијаат врз Харис, а расистичките коментари за нејзиното потекло и раса беа причини многу гласачи да се откажат од поддршката за Трамп.

Поради тоа Трамп одлучи да разговара со Маск, меѓутоа дури и да беше успешно ова интервју,немаше многу да и користи на кампањата на Трамп, бидејќи беше насочен кон „онлајн“ публиката којашто всушност не го претставува поширокото избирачко тело во САД.


Кога започна интервјуто го следеа 1.3 милиони луѓе, а бившиот претседател на моменти звучеше како да „шушка“ додека зборува, па поради тоа некои од слушателите коментираа дека звучи како лик од цртаните филмови, додека други претпоставуваа дека можеби се работи за компресија на звукот.

Трамп ги пофали Путин и Ким Јонг Ун

Трамп зборуваше за миграциите, претседателот Џо Бајден и околу сè што во тој му текна. Но исто така додека зборуваше правеше паузи, лошо ги изговараше зборовите, што поттикна загриженост околу неговата здравствена состојба и возраст.


Маск од друга страна „навиваше“ за Трамп, ја фалеше неговата храброст во текот на обидот за атентат врз него и се согласуваше со сè што кажуваше Трамп.

Трамп повтори дека Русија немаше да ја нападне Украина доколку тој беше претседател, го фалеше рускиот претседател Владимир Путин како и кинескиот претседател Џинпинг но и водачот на Северна Кореја Ким Џон Ун велејќи дека тие се „врв“.

Трамп го пофали и Маск поради начинот на којшто ги отпушти работниците од неговата компанија. „Ти си најдобар „секач“. Мислам види што имаш направено. Влегуваш и прашуваш: „Сакате отказ? Тие почнуваат да штрајкуваат – нема да кажам за која компанија станува збор, а ти потоа им велиш: „Во ред сега сите сте поранешни работници“, кажа Трамп во текот на интервјуто со Маск.

Трамп испаднал „глупак“?

Најголемиот проблем на Трамп е тоа што тој стана неподносливо здодевен велат од „USA Today“. Упорно зборува за изградба на ѕидот на границите, напаѓа некакви марксисти, детинесто ја критикува Харис, а ова интервју со милијардер кој не го сакаат многу луѓе беше вистинска катастрофа.

Маск со својата неспособност на социјалните мрежи и незаслужено чувство на сопствено уважување веќе порано направи Де Сантис да изгледа како „глупак“, а сега истото му го стори и на Трамп.