[ФОТО/ВИДЕО] Хотел за најхрабрите: Дали би смееле да преспиете во капсули поставени над бездни

Точка

12/08/2024

19:02

16.666

Големина на фонт

а а а

Хотелот „Ovo Patagoniа“ може да се опише како сместување само за најхрабрите земајќи го предвид тоа дека пристигнувањето до хотелот вклучува планинарење и спиење во капсули коишто „висат“ над бездна.

Сместувањето подразбира проѕирни капсули коишто се поставени на камениот ѕид на висина од 275 метри. За да се дојде до овој хотел потребна е соодветна опрема но и храброст,бидејќи пристигнувањето до него подразбира планинарење длабоко во аргентинската Патагонија.


Косопственикот на хотелот „Ovo Patagonia“, Ezequiel Ruete, вели дека нивниот слоган гласи: „Излезете од својата комфор зона на удобноста“. Овој аргентински авантурист којшто повеќе од една деценија практикува одење по јажиња поставени помеѓу планините заедно со Луис Апарицио, архитектот и другиот косопственик на хотелот „Ovo Patagonia“.


По повеќе од три години работа со специјализиран тим од планинари, инженери и геомеханички техничари, во декември го отворија она што го најавуваа како највисок хотел во светот и најизложен на природни непогоди, а тоа што го изградија е нешто далеку поголемо од ноќно набљудување на ѕвездите во Патагонија.

Иако ветерот е речиси загарантиран и вртоглавиците се возможна појава, Руете нагласува дека хотелот „Ovo Patagonia“ е наменет за секој луксузен патник со разумно ниво на кондиција и смисла за авантура. Искусните планински водичи ги придружуваат гостите, послужувајќи им појадок и вечера а спијат во близина со вклучено радио. Гостите можат да ги контактираат во кое било време доколку имаат потреба од нешто.


Гостите резервираат ноќење во „Ovo Patagonia“ коешто чини (1.600 долари за двајца), заедно со престој од три ноќи (коишто не се вклучени во цената) во местото „Estancia Bonanza“. Патот кон капсулите почнува во градот „El Chatlen“ од каде што посетителите одат кон главната ложа каде им се даваат соодветни ранци и опрема, а потоа следува околу еден час одење до сценскиот простор, по што следува петминутна „via ferrata“ (систем од платформи и скали, без спуштање) којшто ги носи кон нивните капсули.


Секоја од четирите капсули има дизајн на три нивоа и многу карактеристики на луксузни хотелски соби.


На највисокото ниво се наоѓа плишен кревет којшто го пополнува најголемиот дел од простор. Средното ниво е наменето за дневна соба, мал трпезариски стол и бања, којашто има тоалет и мијалник. Мрежата којашто личи на лулашка поставена на најниското ниво од капсулата нуди уште едно место за одмор.


Целиот процес на изградба и употребените материјали при изградбата на овој невообичаен хотел се одобрени од страна на врвни инженери.