Некогашната ТВ водителка, а денес позната инфлуенсерка Миа Костова е секогаш искрена и без „влакна на јазикот“.
Таа отворено зборува на многу теми од секојдневниот живот, а овојпат се осврнала на мајчинството и нејзиното искуство како самохрана мајка.
Миа на Инстаграм објави две фотографии од синот Андрија како бебе и денес, па сподели како изгледале првите 3 години од неговиот живот, со што им укажа на голем број мајки дека не им се потребни прескапи материјални нешта за да се одгледа едно дете и дека многу поважни се здравјето и воспоставувањето ред и дисциплина кај истото.
„Некогаш и јас чував бебе.
Имаше една цуцла;
Цицаше до 5 месеци ексклузивно;
Сам заспиваше во креветче од 2 месеци;
Јадеше блендирано до година ипол и секогаш зготвено дома и тоа 4 оброци;
Легнуваше војнички во 19 без исклучок, никогаш не бев од оние мајки што држат бебе во кафеана на столчиња.
Го бањав секој ден до 3 години, тоа нѝ беше ритуал;
Во градинка тргна непрооден на 9 месеци, затоа што немаше кој да го чува додека да пркне до 3 години;
Имаше ларингити често и нонстоп бактерии во нос;
Има 12 години и никогаш се нема напиено антибиотик, нема примано кортико, ниту бил болен повеќе од 3 дена;
Најстрашно поминавме со една мононуклеоза;
Често имаше стомачни вируси;
Оди со мене буквално секаде откако е роден;
Прозборе на 2 ипол години;
Никогаш не читав книги за растење деца, пораснав златен дечко. Пу, пу така да продолжи.
Сакав да кажам, нека не ве фрустрира ако немате сè она што го гледате на Инстаграм или на ТикТок, колички од 5.000 евра што сами се нишкаат или 78 чинии прибор за бебе.
Ќе порасне, понекогаш и во многу подобра човек од оној во количката која чини колку кола“, порача Миа.
Бидејќи ваквата објава предизвикала лавина од пораки во нејзиниот инбокс, Миа одлучи уште подетално да објасни што мисли на темата и упати силна и моќна порака до мајките.