[ФОТО/ВИДЕО] Наредена итна евакуација во близина на Атина, Мицотакис го прекина одморот! Се пренесуваат пациенти од болниците

Точка

12/08/2024

12:30

3.841

Големина на фонт

а а а

Грција денеска нареди нова евакуација во близина на Атина, бидејќи пожарите се шират и покрај „натчовечките“ напори за локализирање на пожарот, соопштија пожарникарите.

Премиерот Киријакос Мицотакис поради критичната ситуација го прекина одморот во Ханија и се врати во Атина.


Мицотакис го посети Оперативниот координативен центар за операции и управување со кризи (ЕСКЕДИК) на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, каде ги доби најновите информации за пожарот што од вчера беснее во Атика. Во центарот Мицотакис бил информиран за операцијата за гаснење на пожарот, распоредувањето на воздухопловните сили и капацитетите.


Повеќе од 250 пожарникари со 67 противпожарни возила, 12 авиони и шест хеликоптери се борат со пожарот што гори во предградието на Атина, додека густ чад се издига над грчката престолнина. Властите за цивилна заштита денеска соопштија дека жителите на уште најмалку пет заедници треба да се преселат, бидејќи во неделата стотици луѓе беа евакуирани од најмалку осум села.


„Силите на цивилната заштита жестоко се бореа во текот на ноќта, но и покрај натчовечките напори, пожарот што избувна на околу 35 километри североисточно од Атина брзо се разви и се приближува до езерото Маратон, важен резервоар што ја снабдува Атина со вода“, изјави портпаролот на противпожарната бригада Василис Ватракојани.

Историскиот град Маратон, 40 километри североисточно од Атина, каде што живеат повеќе од 7.000 жители, исто така е евакуиран. Грчките власти го отворија олимпискиот стадион во северниот дел на Атина за да бидат сместени евакуираните граѓани. Во текот на утрото беа евакуирани две болници во Пентелија, една за деца и една за војска.


За време на викендот во Грција избувнаа 40 пожари, пожарникарите успеаја да изгаснат 33, но седум се проширија.


Температурите во Грција денеска се очекуваат да достигнат максимални 39 степени Целзиусови, со удари на ветер и до 50 километри на час. Половина од земјата е под предупредување за висок ризик од пожар поради високите температури, силните ветрови и суша.