Која е мистериозната сопруга на Леброн Џејмс? Заедно се уште од средно училиште, имаат три деца и сè уште се сакаат како првиот ден

Точка

09/08/2024

16:52

30.061

Големина на фонт

а а а

Кога ќе се спомене името Леброн Џејмс, речиси сите веднаш помислуваат на кошарка, трофеи и неверојатни спортски успеси.

Меѓутоа, зад секој голем човек стои некој кој пружа непроценлива поддршка – во овој случај тоа е мистериозната Савана, сопругата на Леброн Џејмс.

Савана и Леброн Џејмс се во брак од 2013 година, а нивната љубов со текот на времето станувала само посилна. Парот има три деца: Леброн Јуниор, Брајс и Зури.

Познатите сопружници се запознале уште во тинејџерските денови. Леброн имал 17 години и бил кошаркарска ѕвезда во средното училиште. Една година помладата Савана играла како навивачка. Џејмс ја забележал на фудбалски натпревар и замолил заеднички пријател да го добие нејзиниот телефонски број.


Како што Савана раскажала своевремено, таа првично планирала да го игнорира, но потоа одлучила да се јави. По неколку телефонски разговори, Леброн ја повикал на еден од неговите кошаркарски натпревари, а потоа заедно со пријателите се упатиле во локален ресторан. Савана не можела ниту да претпостави дека нејзиното момче од средношколските денови наскоро ќе стане НБА ѕвезда.


Савана не е само сопруга на Леброн Џејмс. Со менторската промена „Women of our Future“, таа ги поддржува младите девојки младите девојки од Акрон. Исто така, нејзиниот настан „I PROM-ise Makeover“ им овозможува на студентите да добијат облека за матура. Савана стои зад голем број добротворни иницијативи кои ѝ помагаат на заедницата.


Иако Савана вообичаено се крие од јавноста, последниве месеци одлучила малку повеќе да се експонира. Нејзиното појавување на насловната страница на магазинот „The Cut“ и лансирањето на поткастот „Everybody’s Crazy“, кој го води заедно со пријателката Ејприл МекДаниел покажува дека е конечно подготвена да го сподели својот интимен свет со јавноста. Поткастот е базиран на искрени разговори за секојдневни ситуации.

Горди родители на три деца


Од нивната голема љубов добиле 3 дена: синовите Леброн Џејмс Јуниор (16) и Брајс (14) и ќерката Зури (3). Савана дознала дека е бремена со првото дете истовремено кога и Леброн бил избран како прв на НБА Драфт. Славниот кошаркар важи за исклучително внимателен и посветен татко.

Зад секој успешен маж стои жена

Савана е непоколеблива поддршка на својот сопруг, како на теренот така и надвор од него. Кога Леброн, на 7 април 2023 година станал најдобар стрелец во историјата на НБА лигата, тој на својата сопруга ѝ посветил трогателен говор.


„Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа дел од ова патување во последните 20 или повеќе години, бидејќи без вас не би бил она што сум денес“, изјавил славниот кошаркар.