[ФОТО] Уште еден евтин автомобил наскоро ќе го снема од пазарот

Точка

09/08/2024

18:02

6.409

Големина на фонт

а а а

Сè повеќе и повеќе прописи на ЕУ, за заштита на податоци, системите за поддршка и емисиите на гасови ги прават малите возила толку скапи, така што многу произведувачи ги отстрануваат од својата понуда.

Најновата жртва ќе биде „Mitsubishi Space Star“, од компанијата потврдија дека овој најевтин модел ќе биде отстранет од понудата кон крајот на 2024 година или на почетокот од 2025 година, јавува Auto Start.

„Mitsubishi Space Star“ сè уште е во службена понуда во Хрватска, а моментално е достапна само верзијата „1.2 Entry+ којашто чини 16.400 евра и го прави еден од најевтините автомобили на хрватскиот пазар.


„Space Star“ е на пазарот од 2012 година, а последниот редизајн се случи во 2021 година.


Неговата кариера долга 12 години и онака беше пред крајот а ЕУ прописите само го забрзаа.