Тотенхем го обезбедил потписот на еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата

Дерби

09/08/2024

14:20

2.834

Големина на фонт

а а а

Тотенхем ја очекува новата сезона со поголеми амбиции од претходната, а за нивно исполнување очекувано се потребни и дополнителни засилувања.

Менаџерот Анге Постекоглу успеа да обезбеди солидна сезона и покрај заминувањето на Хари Кејн, а сега со менаџментот работи на освежување на позициите каде екипата има најголем дефицит.

Една од нив е во нападот, а според „Би-Би-Си“, Тотенхем веќе има договор со Доминик Соланки и неговиот актуелен клуб Борнмут.

Лондонскиот клуб ќе плати 60 милиони фунти за еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, 26-годишен фудбалер кој има одлична сезона зад себе и со истата се наметна кај поголемите и побогати клубови.

Соланки постигна 21 гол на 42 натпревари за Борнмут и Постекоглу го смета за природен наследник на Кејн, кој исто така има амбиции да обезбеди место и во англиската репрезентација.

Доколку биде потврден трансферот, Соланки ќе биде и највисок излезен трансфер во клупската историја на неговиот актуелен клуб.