Ова е омилениот ресторан на Новак Ѓоковиќ: Една порција чини 193 евра

Точка

09/08/2024

12:29

17.588

Големина на фонт

а а а

Ресторанот во Хрватска каде Новак Ѓоковиќ по завршувањето со олимписките игри уживаше е еден од оние во коишто би моежеле да го поминете целиот ден.

Новак по освојувањето на олимпиското злато во Париз, продолжи со прославувањето прво во Црна Гора а сега и во Корчула, во Хрватска.

Веднаш се појавија слики од Новак во ресторанот во Корчула, а сопствениците беа воодушевени што толку голема ѕвезда им дошла во посета па веднаш на инстаграм споделија слика од Новак со главиот готвач во нивната кујна.


Се работи за локал на плажата „ Moro Beach Stupe“ којшто навистина изгледа преубаво и кој е совршена комбинација од море, плажа, сонце, забава и добра храна.


Оосбено убави се сликите од нивнните сецијалитети, од морски плодови до внимателно одбрана комбинација на сирења и сувомеснати производи.


А какви се цените во ресторанот?


Така на пример даска со сиерење изнесува 21 евро, карпачо од октопод 24 евра, јунешко ризото 32 евра, ризото со шкампи 33 евра, додека цената на колачите се движи од 10 до 15 евра.


Од друга страна пак едно од најскапите јадења во ресторанот е паста со јастог и неговата цена изнесува 193 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг