Фахрије Евџен е една од најубавите турски глумици. Таа во јуни го прослави својот 38 роденден, а има две деца со згодниот турски актер (Бали бег).
По второто породување Фахрије Евџен се врати во старата форма со молневита брзина. Таа во јануари го роди синот Керем, а веќе во текот на првите денови на пролетта таа можеше да ја носи својата стара гардероба. Од што се состои нејзината тајна?
Покрај тоа што редовно практикува пилатес и гимнастика со музика, убавата актерка се придржува кон специјален режим на исхрана. Оброците и се строго контролирани, некои намирници потполно ги има исфрлено, не јаде по осум навечер, пие по две литри вода дневно а еден од нејзините омилени пијалаци е чајот со ѓумбир, лук, мед и лимон.
Неговата подготовка е едноставна. Потребни ви се парчиња свеж ѓумбир, две парчиња лук, две лажички мед и сок од половина лимон. Ѓумбирот очистете го, рендајте го и сварете го со две шолји вода. Откако пет минути ќе врие, додадете лук, мед и сок од лимон. Откако ќе се излади, чајот процедете го и пијте го.
Во составот на овој чај ги наоѓаме сите состојки кои се грижат за состојбата на кардиоваскуларниот систем но и за целиот организам. Комбинацијата од ѓумбир и лук е добра за намалување на крвниот притисок но тоа не се сите бенефити.
Оваа „инфузија“ добро се покажала и кај проблемите со респираторните органи посебно за време на настинки и грип. Лукот е едниот од најсилните природни антибиотици и во ботаничката митологија претставува божество од највисок ранг а истото може да се кае и за ѓумбирот. Овој зачин го намалува ризикот од инфекции, има против воспалително дејство, го зајакнува имунитетот, го поттикнува затоплувањето на телото а со тоа и потењето, па поради тоа одличен е за одржување на линијата.
Лимонот е извор на витамин Ц додека медот со своите многубројни лековити својства со причина го носи епитетот „течно злато“.
Значи чајот којшто Фахрије Евџен редовно го консумира не е одговорен само за нејзината совршена силуета туку претставува и своевиден еликсир кој има моќ да ја подобри комплетната здравствена слика. Бидејќи чајот е подеднакво ефективен и кога е ладен, може да биде и одлично летно освежување во текот на топлите денови.