Милјана Рељиќ имаше извонреден настап на стартот на теквондо турнирот до 57 килограми на Олимписките игри, бидејќи во својата прва борба ја победи двократната олимписка шампионка.
Џејд Џонс бркаше да стане првата теквондистка која освоила три златни медали на Олимпијадите, но во таквата намера ја спречи 10 години помладата Мила, која сосема заслужено славеше со 2:1.
Македонската претставничка не се исплаши од легендарната олимписка шампионка и покажа голема храброст во текот на сите три рунди, а нејзиното издание многу брзо стана доста коментирана тема и во британската јавност.
Сите угледни британски медиуми го пренесоа поразот на Џонс од талентираната македонска теквондиста, а Бјанка Кук како поранешна светска шампионка излезе и со краток коментар.
– Добро знам колку Џејд е уништена во овој момент. Се надевам дека Милјана Рељиќ ќе оди до финалето и дека ќе и даде шанса на Џонс да се бори за бронзата преку репасажот. Навистина сум скршена поради неа, заслужува најдобро бидејќи е најдобрата во историјата. Ми се плаче во овој момент, – гласи изјавата на Кук.