Ѕверката позната под името „Elasmotherium“ со тежина од околу 3,5 тони некогаш одамна чекорела по пасиштата низ Евроазија. Второто име кое го доби беше сибирски еднорог поради невообичаениот рог на врвот од главата, што не е изненадувачки бидејќи таа е древен предок на носорогот.
Но она што е изненадувачко е тоа дека оваа речиси митска ѕверка, можеби чекорела по Земјата во исто време како и луѓето. Порано се сметало дека таа изумрела пред околу 200.000 до 100.000 години, но неодамнешните анализи на фосилните докази утврдиле дека до изумирањето дошло пред само 39.000 години.
Иако ова суштество е „роднина“ на носорозите, по големината е споредливо со денешните слонови со околу 4,5 метри дожина. Меѓутоа, можеби најимпресивното нешто бил неговиот рог којшто неговото лице го правеше два метри долго. Неговиот рог веројатно се состоел од кератин, како роговите на денешните носорози, но сè уште не е пронајден сочуван примерок, бидејќи кератинот не преживеал на фосилните записи како и на коските.
Еден од најзначајните фосили на сибирскиот еднорог до денес беше целосниот череп којшто сега се наоѓа во Природнонаучниот музеј во Лондон. Со анализата на ова ретко откритие, професорот Адриан Листер и неговите колеги се соочиле со изненадувачко откритие а тоа е дека фосилот бил стар помалку од 40.000 години.
Откако се здружиле со научниците од Русија и Холандија, тие утврдиле дека постојат многу фосили со речиси иста старост, отфрлајќи ја идејата дека изумреле пред 200.000 до 100.00 години. Студијата исто така откри дека „Elasmotherium“ се одвоил од „Rhinocerotinae“ уште во еоценот.
Изгледа дека сибирскиот еднорог живеел до пред приближно 39.000 до 35.000 години, што е скоро исто време кога неандреталците изумреле. Што се однесува до тоа што ја предизвикало неговата смрт, изгледа дека тоа биле еколошките причини.
„Постојано ограничениот географски распон на „Elasmotherium“, како и нискиот број популација и бавната репродуктивна стапка поврзана со големината на неговото тело, биле причините за неговото изумирање, додека друг еколошки сличен но многу помал вид на животно (S. tatarica) преживеало“, напишаа научниците.
„Во теоријата, изумирањето на „E. sibiricum“ можеби било забрзано со ловот којшто луѓето почнале да го применуваат со оглед на замената на „H. neanderthalensis“ со „H.sapiens“ во Евроазија“, пренесува IFLScience“.