Начинот на којшто одите ја открива вашата здравствена состојба

Точка

07/08/2024

21:57

10.305

Големина на фонт

а а а

Одењето е многу покомплициран процес отколку што изгледа. Темпото и леснотијата на одењето можат да бидат показатели на вашето здравје и на тоа дали „добро“ стареете. Како што старее телото, ја губи мускулната маса и квалитетот. Овој процес се нарекува саркопенија и започнува околу четириесеттата година.

Освен тоа нервниот систем поминува низ своеврсна „атрофија“ бидејќи нервите низ целото тело послабо функционираат и бројот на нервите постепено се намалува. Се смета дека губиме 0,1% неврони (нервни станици) секоја година(помеѓу 20 и 60 години), а загубата по оваа возраст се зголемува. Доколку доживеете 90 години вашиот мозок ќе изгуби 150 грама ткиво во однос на тежината која ја имал кога сте биле на педесет годишна возраст.


Намалување на брзината на одење

Истражувањата покажале дека брзината на одење на 45 годишна возраст е силен показател на физичкото и менталното здравје коешто нè очекува подоцна. Воедно значаен е и падот на брзината на одење од моментот кога ќе наполните 60 години. Намалувањето на брзината и леснотијата на одење можат да бидат ран показател на невродегенеративни состојби, како што е Паркинсоновата болест. Оваа болест ги попречува пораките коишто мозокот ги испраќа на мускулно-скелетниот систем, правејќи одењето да биде поспоро, помалку симетрично и невообичаено.


Како што опаѓа квалитетот на когнитивните функции, должината на чекорите при одењето е значително помала а и времето за зачекорување се зголемува. Сложениот процес на одење исто така го вклучува механизмот кој нè спречува да не се сопнеме на нашите сопствени стапала. Со годините кај некои луѓе овој механизам почнува да слабее па така се појавува и сопнувањето, односно стапалото се спушта на тој начин што прстите удираат во подот предизвикувајќи ја опасноста од паѓање. Оваа состојба може да биде последица на дијабетес но и резултат на неправилно седење и држење на телото во лоша положба подолго време.

Стеснување на артериите

Доколку во текот на одењето почувствувате болки во глутеалните мускули и низ задниот дел на ногата, или во листовите, а болките престануваат кога се движите, можеби се соочувате со периферна артериска болест. Присутноста а потоа отсутноста на болката при движење или мирување се нарекува клаудикација. Тоа се случува бидејќи артериите коишто ги опслужуваат вашите нозе се стеснуваат.Кога одите се јавува поголема потреба од кислород од мускулите во вашите нозе.


Како резултат на стеснувањето, артериската крв која тече во нозете не може да ги задоволи потребите за кислород и мускулите стануваат „анаеробни“ (им недостасува кислород, што предизвикува ослободување на млечна киселина). Млечната киселина го предизвикува чувството на грчење, но кога ќе престанете да се движите на мускулите им е потребен минимален кислород така што болката исчезнува.

Ризик фактори за периферна артериска болест ги вклучуваат пушењето, висок холестерол, висок крвен притисок и дијабетес.

Рамнотежа и витамини

Одењето со рамнотежни проблеми често е поврзано со прекумерна консумација на алкохол но исто така може да укажува на недостаток на витаминот Б12. За среќа лекувањето на недостатокот од витаминот Б12 со инјекции е релативно едноставно и во најголем број случаи лесно се поднесува. Додека пак внесувањето на храна богата со витаминот Б12 – како што се месото, рибата, јајцата и млечните производи можат да бидат доволни.


Проблемите со внатрешното уво како што е лавиринтис можат да бидат краткорочна причина за проблеми со рамнотежата при одењето. Инфекцијата на внатрешното уво предизвикува проблематично движење на течноста во тој дел од увото, правејќи ги нервните сигнали од увото до мозокот „тешки за толкување“. Тоа резултира со тоа телото да не ги интегрира во потполност овие информации со визуелните информации и информации за положбата.

„Со стареењето одењето станува потешко. Меѓутоа доколку забележите дека почесто се сопнувате, се нишате или пак паѓате консултирајте се со лекар“, советува Адам Тејлор професор и директор на центарот за клиничка анатомија при универзитетот „Ланкастер“.