Еден од најпосакуваните мажи на планетата е зафатен веќе 3 децении, а она што го прави вечен шармер меѓу останатото е и начинот на кој се обратил на жената на неговиот живот на денот кога ја прославуваат годишнината од бракот.
Холивудската заводничка со години се соочувала со критики за нејзиниот изглед, а многумина коментирале дека Кели не изгледа како заштитно лице, додека Броснан секогаш одговарал велејќи дека не му треба супермодел, туку вистинска жена.
Да потсетиме, парот се запознал во 1994 година во Мексико, пред иконската улога на Броснан како Џејмс Бонд, а се венчале во 2001 година во Ирска.
„Среќна 23-годишнина, драга моја Кели. Мојата убава девојка со кафени очи, ти си мојот север, мојот југ, мојот исток и мојот запад. Љубов моја, биди секогаш со мене“, напиша Броснан на Инстаграм, а потоа сподели фотографии на кои можеме да го видиме парот во младоста и сега.
Кели му возвратила на својот сопруг.
„Ти си најдобрата, најубавата, најнежната личност што сум ја сретнала. Среќна годишнина, љубов моја. Во следните 23 години заедно. Нека продолжат да бидат креативни, авантуристички, љубовни, инспиративни и радосни. Времето лета на крилјата на љубовта“, додала Кели и објавила неколку фотографии од нивната венчавка.
Пирс Броснан ја запознал Кели Шеј Смит три години по смртта на неговата сопруга Касандра Харис. Додека се борел да продолжи со својот живот, актерот ја запознал новинарката Кили Шеј на забава во Мексико.
„Беше неверојатен. Висок, црн и згоден – сè што веднаш би привлекло некого. Ја имаше таа немирна искра во очите. Си помислив ’Уф!‘“-признала таа години подоцна за „People“.
Неколку дена подоцна, тие за прв пат излегле заедно и „седнале под ѕвездите и се држеле за раце“, како што открила таа, со огномет кој светел над главите и останале заедно до три полноќ разговарајќи.
По три години љубов, парот го добил синот Дилан Томас, а потоа и синот Парис Бекет во 2001 година. Истата година организирале незаборавна романтична венчавка во Ирска, а парот е неразделен и често ја имаме можноста да ги видиме заедно на црвениот тепих.