Градот-градина бил изграден во 1964 година кога општината Брондби ја одобрила изградбата, а дизајнот бил заснован на типични скандинавски села од 10 век.
На периферијата на Копенхаген се наоѓа необичната населба Брондби, каде што куќите се наоѓаат во совршени кругови опкружени со исто толку совршено зеленило.
Кога ќе ја погледнете областа од воздух, сè изгледа како сцени од научно-фантастични филмови.
Импресивното архитектонско решение го овековечи фотографот Анри До, а оттогаш интересот за Брондби се зголеми.
Архитектот на пејзажи, Ерик Мигинд, го смислил кружниот распоред бидејќи верувал дека на овој начин се промовира чувството на заедница.
Она што е интересно е што куќите може да се изнајмуваат од април до октомври, па сите жители на градот имаат можност да се спојат со природата и да избегаат од градската гужва, дури и на шест месеци.
Градот-градина се состои од 26 кружни градини, а во секоја има околу 16 приватни парцели во форма на триаголник. Вкупно 284 куќи обезбедуваат тивко место за бегство од градската бучава и загадување.
Централниот дел на кружната градина служи како паркинг и место за собирање на локалното население.
Вообичаената месечна кирија е околу 150 долари, но на станарите им е дозволено да живеат таму шест месеци во годината или за време на викендите во текот на годината, за да можат да се грижат за своите градини. За цените одлучува одборот на станари.
Жителите на Брондби се градски жители кои можат да дојдат овде во текот на топлите месеци за да се посветат на одгледување растенија. Постојат дури и правила и закони кои го оневозможуваат живеењето во Брондби во текот на целата година, така што куќите не се големи, туку служат главно за складирање работи неопходни за градинарство и слични активности во природа или едноставно место каде што можете да пиете чај со пријателите.
Куќите се во сопственост, но градините се под кирија. Друг услов за регистрација е вашиот постојан престој да биде на 20 километри од Брондби.
Куќите се опремени со канализација, имаат вода и струја, а на станарите им е дозволено самостојно да ги опремуваат со некои дополнителни детали како соларни панели.
Во сончев ден, голем број жители на Копенхаген поминуваат време надвор, а локалните фарми стануваат оази.
Урбаните фарми стануваат сè попопуларни во оваа скандинавска земја во последниве години, не само поради зголемувањето на урбанизацијата туку и поради желбата да се живее што е можно поодржливо.
Според Светскиот земјоделски извештај од 2021 година, Данците консумираат најмногу органска храна по глава на жител од кое било друго место во светот. На пазарот на органска храна учествуваат со најмалку 12,8 отсто.
Исто така, за Данците е важно производите да бидат што е можно полесно достапни и заедниците да се поврзани.
Еден од најважните делови на урбаните фарми е заинтересираноста на луѓето за тоа од каде доаѓа нивната храна, што пак ги охрабрува да применуваат одржливи практики, како што се купување локални производи или поефикасно готвење за да се избегне фрлање храна.