[ФОТО] „Одиме до Прохор Пчински да се помолиме дека сме живи“: На српски туристи им се запали возилото кај Гевгелија

Макфакс

06/08/2024

12:11

3.984

Големина на фонт

а а а

Семејство од Србија вчера поминало низ вистински пекол кога нивниот автомобил се запалил на македонските патишта додека се враќале дома, по одморот во Грција.

Тие велат декај и покрај тоа што гаселе со два противпожарни апарти нивниот автомобил изгорел за 2 минути.

Dragi članovi, javila nam se porodica čiji auto je danas izgoreo kod Gevgelije i žele da se zahvale svim ljudima koji su...

Posted by Nikana.gr on Monday, August 5, 2024

„Нашиот автомобил изгоре кај Гевгелија од правец на Евзони кон Србија. Испразнив два против пожарни уреди. И луѓе застанаа да помогнат, но немаше цел. Добро сме. Автомобилот беше сервисиран пред патувањето, одржуван, сè е исправно. Немам поим што се случи, за 2 минути се изгоре. Битно е дека сме ок.” велат од семејството.

Како што велат, утре се враќаат во Белград, но пред тоа ќе го посетат манастирот Прохор Пчински за да му се заблагодарат на Бога што се живи и здрави.

„Мојот сопруг претходно резервира соба во Велес. Зедов „помош на пат“, така да луѓе ни помогнаа и не однесоа до хотелот. Во среда доаѓа пријател да не земе, па вечерта сме во Белград. Сè уште сум во шок. Не поради автомобилот, туку поради тоа што можеше да се случи. Имам слика во мојата глава кога маж ми ги вадеше работите и кога пожарот се прошири низ шумата. Не знаев ни каде да застанам. Верувајте ми, целосно проверивме сè пред патувањето. Не знаеме што е во прашање. Се наоѓаме во хотел во Македонија. Во среда ни доаѓа другарка, па ќе застанеме кај манастирот Прохор Пчински. Се чувствуваме благодарни и имаме потреба да се помолиме дека останавме живи“, изјавила Јелена.