Тажна вест: На 47 години почина новинарот Саше Димовски

Точка

06/08/2024

09:38

7.539

Големина на фонт

а а а

По долги и тешки здравствени компликации, на 47-годишна возраст почина новинарот Саше Димовски, кој во јавноста беше познат во однос на следењето на случувањата во правосудниот систем.

Беше Претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска Давкова.


Работел во Канал 5, Сител, основач на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството.

Беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг