[ФОТО] На плажа пронашла обезглавена жена, а кога пристигнала полицијата следел шок: „Бев вкочанета, ми се слоши“

Точка

02/08/2024

21:13

4.933

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Нов Зеланд добила дојава дека „на плажата лежи обезглавено тело на жена“ и дека итно треба да дојде.

Полицијата била алармирана па полициска патрола пристигнала на популарната плажа Тапуа, јужно од Њу Плимут. Таму ја затекнале исплашената Алис Каудри, локална уметница, која ги контактирала.

Кога се приближила и сфатила дека „женското тело“ нема глава, Каудри се избезумила, пренесува „Њус.ком.ау“ (News.com.au).

„Го шетав кучето и здогледав ужасна сцена. Јасно видов женска фигура. Се смрзнав, се вкочанив, ми се слоши“ рекла Алис Каудри.

Полицијата побрзала на локацијата и ја решила мистеријата за 10 секунди. Се покажало дека станува збор за секс-кукла, оставена во песокот!

На сите им олеснало, особено на исплашената жена.

„Таа имаше нокти, а нејзините прсти беа неверојатно реални. Навистина изгледаше како жена“, изјавила Алис за медиумите.

Каудри рекла и дека секс-куклата била толку тешка, што биле потребни тројца полицајци да ја одвлечат од плажата.

Останува мистерија како секс-куклата без глава завршила на мирната плажа.