Новиот потег на Орбан ја разбесни ЕУ – „ќе има последици“

Точка

02/08/2024

16:31

6.254

Големина на фонт

а а а

Високата претставничка на ЕУ за внатрешни прашања ја предупреди Унгарија дека унгарската одлука за олеснување на визните ограничувања за руски и белоруски државјани претставува потенцијална безбедносна закана и изјави дека ќе преземе мерки доколку не се реши загриженоста на ЕУ за ова прашање.

Унгарија минатиот месец ја прошири доселеничката програма – „национална лична карта“ со цел во неа, помеѓу останатите да бидат вклучени Русите и Белорусите. На носителот на таква лична карта му е дозволено да работи во Унгарија без безбедносни проверки и исто така може да го донесе своето семејство во земјата.


Овој потег предизвика загриженост помеѓу функционерите на ЕУ, кои изјавија дека Русија заедно со нејзиниот сојузник Белорусија би можеле да го искористат ова за испраќање на шпиони и саботери во шенгенската зона, во време кога Унијата се обидува да ја изолира Москва поради војната во Украина.

„Русија е безбедносна закана. Потребно е повеќе да внимаваме а не помалку“ напиша во својата објава на платформата „Х“ високата претставничка на ЕУ за внатрешни работи Ylva Johansson. „Денес по писмен пат барам од унгарската влада да даде објаснување. Доколку нивната шема за олеснет пристап претставува ризик, ние ќе преземе акција“.


Се’ поголема напнатост

Орбан одржува блиски односи со Москва и беше во посета кај рускиот претседател минатиот месец, во рамки на т.н. „миротворна мисија“, преземена без поддршка од страна на ЕУ неколку дена по преземањето на ротирачкото претседателство во рамките на Унијата.


Johansson во нејзиното писмо побарала од Унгарија, до 19 август да одговори на прашањето околу претходно споменатата доселеничка програма, со оглед на „потенцијалната закана од таквите еднострани мерки во рамки на шенгенскиот подрачје“. Таа кажа дека ќе има „соодветни последици“ доколку со тој потег се прекршиле законите на ЕУ или се загрозило функционирањето на шенгенската зона.

Јоhansson не презицираше какви мерки би можела да преземе. Но Европската комисија, извршното тело на ЕУ, може да започне правна постапка против земја членка на ЕУ ако смета дека истата прекршила одреден ЕУ закон.

Унгарскиот министер за надворешни работи „Peter Szijjarto“ во вторникот, изјави дека на граѓаните на Русија и Белорусија и понатаму им е потребна виза за влез во Унгарија а со тоа и во шенгенскиот простор. Тој исто така изјави дека дозволите за престој на руските и белоруските државјани мораат да бидат одобрени од страна на надлежните органи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг