[ВИДЕО/ФОТО] Со години биле шпиони во Словенија, го посетувале и Загреб: Путин ги пречека со црвен тепих

Точка

02/08/2024

15:34

5.673

Големина на фонт

а а а

Дваесет и шест луѓе од седум различни држави, вклучувајќи ги САД и Русија, беа разменети вчера, во рамки на големата размена на затвореници која се случи во Турција. Помеѓу разменетите затвореници беше и новинарот на „Wall Street Times“ Еван Гершкович, објави кабинетот на турскиот претседател.

Кабинетот соопшти дека 26 луѓе од затворите пристигнаа во САД, Русија, Германија, Полска, Словенија, Германија и Белорусија. Станува збор за најголема размена на затвореници помеѓу Русија и Западот од периодот на „ладната војна“ до сега.

Помеѓу притворените во Русија биле Гершкович и американскиот маринец Пол Вилен. Десет затвореници вклучувајќи и двајца малолетници префрлени се во Русија, 13 во Германија и тројца во САД. Турската разузнавачка служба го најави своето координирање на овие големи размени на затвореници, помеѓу Русија и Белорусија од една страна и западните земји САД и Германија од друга страна.

Помеѓу ослободените коишто Путин лично ги пречека со црвен тепих се Артем Дултсев и Ана Дултсева. Тие се елитни шпиони кои со години работеле на тајна задача во Словенија. Артем се претставувал како бизнисмен во секторот на информатичка технологија со лажното име „Ludwig Gisch“ а Ана се претставувала како трговец на уметнички предмети и како сопственичка на галерија со лажното име „Maria Rosa Mayer Munos“.

Соседите кажуваат само позитивни зборови

„Marina Mayer“ и „Ludwig Gisch“ во 2017 година се преселиле со своите две мали деца во Љубљана. На луѓето кои ги познавале им се допаднале, ги сметале за доселеници од Јужна Америка, пријателски настроени и тивки луѓе.

Маyер имала отворено онлајн уметничка галерија, додека Gisch управувал со ИТ старт-ап. На пријателите им кажале дека стравот од уличниот криминал во нивната татковина Аргентина ги поттикнал да се преселат во Европа.Тивката планинска земја Словенија им понудила освежувачка промена на ритамот, пишува „The Guardian“.


При интервјуирање на десетина луѓе кои го познавале овој пар два збора постојано се повторувале: „обичен“ и „пријатен“. Соседите инсистирале дека луѓето кои живеат во куќата со број 35 се обично семејство и кажаа дека нивните деца често можеле да се слушнат како зборуваат на шпански додека се играат во градината. Поради тоа беше голем шок кога на почетокот декември 2022 година Mayer и Gisch биле мета на една од најтајните и најкоординираните полициски и разузнавачки операции во поновата словенска историја.

Полицајците влегле во нивната куќа ги уапсиле и ги ставиле нивните две деца под надзор на социјалните служби. Полицијата ја пребарала и канцеларијата во сопственост на парот. Според изворот кој ги знае деталите од оваа истрага, таму била пронајдена енормна количина на кеш а биле потребни часови за да се избројат парите.

Елитни руски шпиони

На крајот од јануари 2023 година, словенските медиуми ја објавија веста за апсењето, поврзувајќи ги со руската разузнавачка служба. Изворите од Љубљана изјавија за „The Guardian“ дека Maria и Ludwig всушност биле елитни руски шпиони познати како „илегалци“. Апсењето се случило откако Словенија примила известување од странска разузнавачка служба.


За разлика од „легалните“ руски разузнавачи кои се преправаат како дипломати во руските амбасади низ светот, „илегалците“ дејствуваат без какви било видливи врски со Москва. Тие со години глумат странци, а потоа се испраќаат во странски земји за да соберат разузнавачки податоци. Многумина од нив имаат деца кои се израснати со лажни идентитети без идеја дека нивните родители се всушност Руси.

„Осомничените се припадници на странска разузнавачка служба кои користеле илегално стекнати странски лични документи, за да можат да живеат и работат во Словенија преку лажен идентитет и тајно да собираат податоци“, изјави портпаролот на словенската полиција Драго Менегалија.


Голем број функционери одбиле да го коментираат овој случај повикувајќи се на чувствителноста на случајот. Меѓутоа два извори кои се добро запознаени со овој случај изјавија дека Mayer и Gisch работеле за руска разузнавачка служба „СВР“ која е задолжена за странство. Еден извор кој добро го познава случајот изјавил дека во неформалните разговори Москва бргу признала дека се работи за разузнавачи.

Словенија како добра база за шпиони

Словенија има послабо противразузнавачко окружување за разлика од другите европски земји во рамки на Шенген зоната и била совршена база за разузнавачко патување низ Европа на овој пар без да бидат проверувани на границите. „Поголем дел од нивните активности не се одвивале во Словенија“ изјави еден извор.

По инвазијата врз Украина западните земји имаат депортирано стотици „легални“ шпиони кои работеле во амбасадите низ Европа под дипломатска заштита. Тоа можеби била причината Москва да почне повеќе да се потпира врз „илегалците“ и врз другите неформални мрежи.

Огромни количества пари во кеш

Големи резерви на готовина биле пронајдени во текот на претресот на канцеларијата и тоа можеби значи дека задачата на уапсениот пар била исплата на руските неформални агенти и шпиони. Москва понекогаш ги користи „илегалците“ за ваков тип на задачи поради тоа што разузнавачите кои работат во амбасадите би можеле да бидат предмет на рутински надзор и со тоа да го ризикуваат откривањето на изворот.


Профилите на социјалните мрежи на Maria Mayer покажуваат дека таа често патувала за да ја промовира својата галерија 5′14, својот онлајн уметнички портал. Не е познато дали целта и биле уметниците или галеријата само ја користела како изговор за патувања и извршување на други задачи.

Најмалку два пати го посетила саемот за уметност во Загреб а неколку пати патувала и во Велика Британија, каде ги изложувала своите дела во галеријата во рамките на трговскиот центар во Единбург. „Беше супер пријателски расположена“. Ме додаде во својата веб – галерија, а ги изложи моите дела во Единбург. Тоа беше голема чест за мене бидејќи ретко имам шанса да ги изложувам своите дела во странски земји“ изјави Јуре Краљ, фотограф од Марибор.

Во ноември 2022 била во Загреб

Уметниците ја опишаа средба со Mayer во Загреб во ноември 2022 година: „Генерало имавме опуштени разговори и се забавувавме за да ни помине времето“, изјави една хрватска уметничка која со Mayer споделила податоци за контакт.

Ludwig Gisch користел аргентински пасош во кој пишувало дека е роден во Намибија во 1984 година. Управувал со компанијата „DSM&IT“ која нудела софтвер за блокирање на вируси, несаканата е – пошта и злонамерен софтвер. Изгледот на компанијата на социјалните мрежи не е импресивен. Неговиот „Х“ профил има само три пријатели, од кои едниот е Gisch, а вториот е профилот на галеријата на неговата сопруга. Пријателите на парот кои ја користеле пробната верзија на софтверот се сомневаат дека некој би платил за таква услуга.


„Не бев баш импресиониран“. Заостануваше пет години зад сегашната технологија во Европа или дури и што било друго произведено во Русија“, изјави пријателот на парот.

Исто како и неговата сопруга Gisch ја користел својата компанија за патувања. Неговите профили на социјалните мрежи сугерираат дека присуствувал на „CloudFest“ во 2022 година, на конференцијата во Baden-Wurttenberg во Германија, која се претставува како „настан број еден за интернетската инфраструктура во светот“ и вели дека привлекува илјадници стручњаци кои се занимаат со „онлајн безбедноста“ што потенцијално би овозможило идеални можности за вмрежување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг