Секој кој патува по автопатиштата, особено во Италија, треба да биде особено претпазлив бидејќи измамниците користат еден „трик со ретровизор“, за да извлечат пари од возачите.
Оваа појава не е нешто ново но сè уште е успешен трик на измамниците. Овој трик може многу скапо да ги чини туристите, бидејќи измамниците ги одбираат особено возилата на туристите, без оглед на тоа дали се работи за мали или поголеми автомобили, пишува германскиот „Автобилд“.
Како функционира оваа измама?
Измамниците ги пресретнуваат туристите на автопатишта и бараат од нив да запрат. Потоа тврдат дека во текот на возењето им ја изгребале колата и со тоа им го оштетиле ретровизорот. Измамниците на своите жртви им го покажуваат ретровизорот (претходно оштетен) и ги убедуваат во тоа дека причината за тоа е страничниот судир во текот на возењето на автопатот. Потоа од нив бараат кеш за да ја наплатат штетата. Исто така бараат полицијата и осигурителните компании да не се контактираат. „Измамниците го користат моментот на „шок“ и ги ставаат своите жртви под временски притисок за да ги принудат на непромислени постапки“, вели правникот Јан Бартхол.
Што да се направи во такви ситуации?
Најдобро е воопшто да не го запирате возилото и да го снимите или фотографирате тој момент, бидејќи измамниците често се откажуваат од измамите кога ќе сфатат дека некој ги снима.
Според зборовите на жртвите, италијанската полиција во вакви ситуации не е од голема помош. „Сакавме тоа да го пријавиме во полиција но за жал ни кажаа дека тоа е невозможно“, изјави за австриски весник една од жртвите.