Колку чини златниот медал на Олимписките игри, можете ли да погодите?

Точка

01/08/2024

11:43

10.754

Големина на фонт

а а а

Најпосакувана награда на олимписките игри е златниот медал, но уделот на злато во него е минимален. Со тежина од 529 грама од кои само шест се злато (околу 1,3 проценти од вкупната тежина на медалот) а останатиот дел е составен од сребро. Златниот дел ја претставува само плочката која го прекрива сребреното јадро.

Сè до игрите во Стокхолм во 1912 година, златните медали биле речиси во потполност изработени од злато. Но поради политиките за заштеда на пари по Првата светска војна, од игрите во Антверпен во 1920 година количеството на злато почнало да се намалува.

Сребрениот медал пак во целост е изработен од сребро, а бронзениот се состои од мешавина на бакар, калај и легура од цинк.


Колку денес „вреди“ златниот медал?

Според Оксфорд Економикс вредноста на златните олимписки медали во Париз изнесува 950 евра. Процената е во согласност со сегашните вредности за еден грам 24 каратното злато и сребро.


Меѓутоа медалите за годинешните олимписки игри содржат детали кои во иднината можат значајно да ја зголемат нивната вредност, тие се: парче железо со оригинална рамка од Ајфеловата кула, поставено во средината на медалот заедно со логото на Париз 2024 година. Овие парчиња метал беа отстранети од култната кула во текот на различните проекти за обнова и модернизација на кулата а истите тамошните власти ги зачувале.

Оксфорд Економикс вели дека вредноста на златните олимписки медали ќе расте во текот на годинава, достигнувајќи ја цифрата од 1.500 евра до 2032 година, кога Австралија ќе биде домаќин на олимписките игри во Бризбејн.