[ФОТО/ВИДЕО] „Кој е во нашиот кревет?!“ – Србинка на своето момче му приредила вистински пекол: Пораката осамнала на мерцедес вреден 100.000 евра, ова скапо ќе го чини!

Точка

30/07/2024

20:38

14.362

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појавиле фотографии од скап Мерцедес на кој може да се види порака напишана со кармин, посветена на маж кој живее во Швајцарија.

Имено, наводниот прељубник кој живее во Лугано имал што да види – на автомобилот била напишана гневна порака од девојка која, судејќи по напишаната содржина, дознала за неговата авантура.

Објавата на социјалната мрежа „ТикТок“ која ја објавила извесна девојка од Србија, Снежана, прикажува фотографии од скапоцен џип Мерцедес, вреден над 100.000 евра, кој е уништен со пораки од жена која тврди дека ја изневерувал.


Пораките се странично напишани со маркер, како и на задниот дел на „мечката“, а се гледаат и цртежи со срце. Оваа фотографија е забележана на јавен паркинг помеѓу згради во Земун.

„Мене најде да ме лажеш. П***о јас сум Снежана, кој е во нашиот кревет?! Љубов, нека се потпише и таа“, пишувало на автомобилот, а приложено било на фотографиите.

Во описот на објавата Снежана напишала „Дали треба да потпишам уште некоја?“, но засега не се знае дали таа му оставила пораки на прељубникот од Швајцарија или само ја споделила содржината на мрежата, како ни тоа дали станува збор за шега или не …


Набрзо следеле бројни коментари, дел застанале на страната на оваа жена, додека тука се и оние кои го осудиле овој чин.

Како што е наведено во коментарите на оние кои емпатизираат со неа, требало да „остави порака со клучеви или спреј“, нагласувајќи дека пораката ќе биде „потрајна и посилна“.

„Спрејот не се трга, не може да се префарба, мора целосно да се излупи, дури и од клучевите. Не давам идеи, но сепак …“, „Ова со карминот е млако, следно само со клучеви“, „Повеќе ќе го здоболеше да му ги дупнеше сите 4 гуми и да продолжиш понатаму“, се само дел од коментарите.


Оние, пак, кои го осудиле нејзиниот потфат, го етикетирале како „вандализам“, а некои истакнале дека на тој начин извесна Снежана зборувала повеќе за себе отколку за нејзиниот наводен прељубник.

„Ова е самопонижување. Трошиш време пишувајќи го ова, наместо само да се насмееш и да ѝ се заблагодариш на другата, да ѝ испратиш цвеќе и пијалаци, заедно со твојот поранешен во пакет“, „Само докажуваш дека бил во право што нашол друга“, „Господин човек. Ете така наишол на некоја, веројатно после ова помудро ќе бира“, се ределе коментари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг