Три “грешки“ во комуникацијата кои се случуваат непосредно пред раскинувањето: Крајот е неминовен

Точка

30/07/2024

17:18

27.386

Големина на фонт

а а а

Многу често добрите односи и љубовните врски можат да завршат поради лоша комуникација, а за тоа можат да придонесат три грешки во начинот на кој разговарате со партнерот.

На веб-страницата YourTango се наведени три трагични грешки во комуникацијата, кои доколку на време не се воочат може да предизвикаат крај на љубовната врска.

Престанувате да ја кажувате вистината 


Кога ја премолчувате вистината, тоа е како да имате „тајна“ што ја чувате, а која може да помогне да се создаде чувство на дистанца и одвоеност меѓу вас, што е поддржано од една студија од 2024 година.

Престанувате да бидете фини

Ова е лизгав терен за оние што минуваат низ „фазата на меден месец“. Со право се вели дека „познанието раѓа презир“, што значи дека ги повредуваме најблиските затоа што се таму. Лесно е да заборавите дека вашиот партнер, кого сега толку добро го познавате, е многу ранлив и чувствителен на вашите реакции, како што покажа едно истражување од 2011 година.


Престанувате да слушате со отворен ум 

Сите сакаме да бидеме во право, а многу добри врски се распаѓаат затоа што некој сака да биде во право пред да биде среќен. Отворениот ум бара од вас да престанете да го осудувате вашиот партнер и да престанете да го карактеризирате сето она што го прави како погрешно. Колку често сте се предомислиле затоа што некој ви рекол дека сте погрешиле? Таквото убедување никогаш не функционира.