Месечината полека се оддалечува од Земјата, научниците откриваат што значи тоа за нас

Точка

30/07/2024

13:45

16.478

Големина на фонт

а а а

Месечината нашиот најблизок сосед во сончевиот систем, полека се оддалечува од Земјата што може значајно да влијае врз нашиот секојдневен живот.

Истражувањето споведено на универзитетот Висконсин-Медисон покажало дека Месечината секоја година се оддалечува од Земјата за 3,82 центиметри.

Според истражувањето коешто го спроведувал професорот по геонаука Стивен Мејерс. Тоа во далечна иднина, би можело да резултира со подолго траење на денот на Земјата, пишува Мирор.

„Како што Месечината се повлекува, Земјата е како клизач којшто се успорува раширувајќи ги своите раце“, објаснува Мејерс.


Иако ќе помине многу време додека почувствуваме значајна разлика, со моменталната брзина на повлекувањето на Месечината, нашите денови би можеле да траат 25 часа за 200 милиони години. Овој процес можеби изгледа бавно но неговите долгорочни последици можат да бидат далекусежни.

Покрај ова откритие научниците неодамна открија пештери на Месечината коишто ви можеле да ги револуционираат идните патувања и животот на Месечината.

Екстремните климатски и температурни услови на површината на Месечината отсекогаш претставувале проблем за научниците кои се обидувале таму да овозможат човечки живот, но овие пештери под површината можеби ќе бидат потенцијалното решение.

Уште една важна вест доаѓа од неодамнешната експедиција а тоа е дека се откри од вода на тлото на Месечината.

 Овие откритија можат да имат големо влијание врз науката, идните мисии и можноста за долгорочен човечки престој на Месечината.