Фармацевтка предупредува: Сокот од едно овошје не пијте го ниту пред ниту по земање лекови

Точка

29/07/2024

13:41

31.878

Големина на фонт

а а а

Примарната цел на земање течност со кој било лек е да се олесни голтањето и апсорпцијата, меѓутоа многу е важно со каква течност лекот доаѓа во допир бидејќи истата може да ја намали ефикасноста на лекот.

Фармацевтката и специјалист – магистер од Србија, Милица Ѓукановиќ потсетува дека водата е најчестиот избор за консумирање со лекови. „Лесно е достапна, безбедна и не влијае врз ефикасноста на лекот, но постојат луѓе кои се борат лекот да го проголтаат со вода. Другите пак прибегнуваат кон газирана вода која исто така е прифатлива. Со оглед на тоа што е збогатена со минерали, секако може да биде корисна, а за консумирање со лекови генерално е безбедна, бидејќи мала е веројатноста дека може значајно да влијае врз лекот“, објаснува Ѓукановиќ.


Некои луѓе повеќе сакаат лековите да ги земаат во комбинација со сок, особено ако се работи за лекови со непријатен вкус. Фармацевтката предупредува дека не секој сок смее да се пие со лекови. „Особено внимание треба да се посвети на сокот од грејпфрут бидејќи тој може да стапи во интеракција со многу лекови. Се прашувате како? Лековите во нашиот црн дроб и тенкото црево ги преработува специјализирана група на ензими наречени цитохром П450. Нивната улога е да го разградат лекот и да ја намалат неговата концентрација во крвта. Грејпфрутот пак е богат со соединенија кои се нарекуваат фуранокумарини кои ја нарушуваат нормалната функција на споменатите ензими. Успорениот начин на кој цитохромот П450 нормално ги разградува лековите во цревата и црниот дроб, грејпфрутот од друга страна пак може да ги зголеми несаканите ефекти од овие лекови, бидејќи ја нарушува работата на овие ензими па така концентрацијата на лековите во крвта ќе остане висока“.


Една чаша сок од грејпфрут е доволна да ја смени ефикасноста на лекот. Ефектот на сокот трае неколку дена, што значи дека консумирањето на сокот од грејпфрут неколку часа пред и по земање на лекови не прави никаква разлика, па така сокот од грејпфрут не се препорачува за комбинирање со лекови, вели фармацевтката.

Обичната и газираната вода се безбеден избор за консумација со лекови, а со сокот од грејпфрут мора да се внимава па така ако сте негов љубител прво консултирајте се со вашиот фармацевт дали сокот ќе влијае врз вашите лекови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг