Поради горештините оваа намирница станува сè поотровна: Многумина не можат да замислат ниту еден оброк без него

Точка

12/05/2025

21:08

1.675

Големина на фонт

а а а

Оризот, основната намирница за милијарди луѓе ширум светот, се соочува со нова, сериозна закана од климатските промени.

Според најновата студија објавена во списанието „The Lancet Planetary Health“, растот на температурите и нивоата на јаглерод диоксид драматично ја зголемуваат количината на неоргански арсен во зрната ориз, токсична супстанција поврзана со разни сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес и невролошки нарушувања.


Истражувањето спроведено од Школата за јавно здравје „Мејлман“ при Универзитетот Колумбија проучувало 28 сорти ориз во текот на десет години во делтата на реката Јангце. Користејќи го системот FACE (Free-Air CO₂ Enrichment), научниците симулирале климатски услови од иднината, температури повисоки за 2°C и концентрации на CO₂ повисоки за 200 ppm.

Резултатите покажале дека комбинацијата на овие фактори значително ја зголемува акумулацијата на арсен, и тоа во поголема мера отколку кога секој од нив дејствувал поединечно.


Промените во микробниот систем на почвата во оризовите полиња, исто така, придонеле за проблемот. Зголемените температури и концентрациите на CO₂ поттикнале анаеробни услови и појава на потоксични форми на арсен.

На пример, шесткратно засилување на генот arsC е пријавено за време на развојот на зрното ориз, што го поттикнува претворањето на арсенот во поштетни форми. Студијата предупредува дека според ова сценарио, ризикот од невродегенеративни болести ќе се зголеми во сите анализирани земји.


Сепак, според д-р Луис Зиско, постојат решенија. Тој ја истакнува можноста за одгледување сорти што акумулираат помалку арсен, воведување подобри методи за наводнување и воспоставување построги регулаторни стандарди. Во моментов, многу земји немаат задолжителни ограничувања за нивоата на арсен во оризот, иако повеќето анализирани примероци веќе ја надминувале препорачаната граница од 200 ppb.

Безбедноста на оризот е клучна за глобалната безбедност на снабдувањето со храна, а научниците предупредуваат дека е потребна брза акција за да се спречат потенцијални глобални здравствени кризи предизвикани од климатските промени.